Одбојкарките на Македонија Макс ја забележаа првата победа во годинашниов одбојкарски шампионат и тоа во драматична завршница. Откако не им успеа да направат целосен резултатски пресврт во дуелот со Јанта дома, не ја испуштија победата во Тетово против тимот на Универзитет.
Избрничките на Зоран Јанков водеа 1:0, па 2:1 во сетови но упорните и жилави домакинки кои со прикажаната игра ќе бидат во самиот врв во женската одбојка, се изборија за тајбрејк.
Драматичност и неизвесност изобилуваше петиот сет кој на крај го добија струмичанки со 17:15. Во двете видеа последните поени и радоста на струмичанки во Тетово на првата победа
https://www.facebook.com/kire.lazarov.90/videos/1040195499441237/
https://www.facebook.com/kire.lazarov.90/videos/1040199409440846/