ТВ Канал ВИС присуствуваше на подзаборавениот тримерски обичај како армасникот под маска оди кај својата свршеница (армасница ), празник за кој се врзува струмичкиот карневал. Тој обичај се реализира во вторник навечер кога своевремено се одржуваше карневалот. Годинава тој обичај одлучија да го направат Лиле и Благој кои се свршија пред десетина дена. Тримери е празникот на армасаните девојки и ги симболизира првите три дена од велигденските пости…..Еве како изгледаше во домот на Лиле ….