На последната трибина во Конче дел од присутните земјоделци пред владините преставници констатираа дека тие работат а трговците и откупувачите се богатат. Побараа помош и заштита од надлежните. Од Владата им сугерираа дека како земјоделци треба да се здружат и синдикално да се организираат и бидат силен партнер пред трговците. Премиерот Заев дури им понуди и помош да бидат организирани и здружени за да издејствуваат повеќе при евентуални преговори со откупувачите…..