Трикратниот европски првак Интер на својот официјален сајт отстапува простор за приказни посветени на важните луѓе за историјата на клубот. На ред дојде „Ил гранде Мачедоне“, кој заигра и одлично се снајде во историската година под водство на Мурињо.
Горан Пандев беше клучниот човек за време на тројната круна на Интер. Неговото доаѓање во јануари 2010-та му дозволи на Жозе Мурињо да направи тактичка промена на која се надеваше.
Инаку Пандев прво сјаеше со Обафеми Мартинс за Интер Примавера и го освои Вијареџо Купот и Скудетото. Потоа следуваа позајмиците во Специја и Анкона, па трансферот во Лацио каде стана еден од најдобрите втори напаѓачи во лигата.
Во Интер се врати токму на време за тројната круна. Постигна гол во финалето на Светското клупско првенство, а исто така и против Баерн Минхен со што го елиминираше од Лигата на шампиони. Интуицијата на скаут тимот помогна да се обликува историјата на Интер, што е сведоштво за одличната работа која се одвива зад сцената на академијата на клубот.