Книжевната вечер по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески ја организираше Дрштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица.
Гости на вечерта беа професорката Вера Стојчевска-Антиќ, долгогодишна соработничка и пријателка на Блаже Конески и Свето Стаменов, новинар и публицист. Тие неодамна го издадоа зборникот „Навраќања кон Конески“, каде се собрани трудови од познати домашни и светски книжевници и слависти посветени на Конески.