• Sat. Nov 23rd, 2024

Видео: Заштитени видови пеперуги ќе бидат загрозени од рудникот Иловица, предупредуваат еколозите

Во рамките на кампањата „Не игнорирај! Реагирај“ што ја спроведува Институтот за комуникациски студии, Скопје, се направи истражување што ќе се случува со биодиверзитетот на Огражден по отворањето на рудникот Иловица – Штука.

Територија од околу 1.000 хектари на планината Огражден каде се планира отворање на рудникот Иловица-Штука уште во 2003 година била прогласена за подрачје од посебно значење бидеќи таму се размножуваат ретки видови пеперутки какви што се крупно дамчестиот синец и аполоновата пеперутка. Еколози предупредуваат дека отворањето на рудниците може да го загрози опстанокот на овие видови, вклучувајќи го и на поточниот рак и лилјаците што живеат во ова подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *