Овој Божиќ можеби изгледа прилично мрачен за многумина од нас кои не можат да ги видат пријателите и семејството, но ако сакате празнична активност во текот на самоизолација, кралското семејство прискочи во помош.
Готвачите на кралицата Елизабета Втора се огласија на социјалните мрежи за да го споделат својот рецепт за совршена куќа од тесто.
Во видеото, кое веќе го прегледаа над 1.4 милиони корисници на Инстаграм, готвачите во кралската кујна споделуваат чекор-по-чекор водич за тоа како да направите своја сопствена креација, со витражи, украси на дрвја и снег од кралска глазура со вкус на лимон, се разбира.
Објавата гласи: „Во пресрет на Божиќ, готвачите во кралските кујни го споделија својот рецепт за правење на совршена куќа од тесто со ѓумбир. Следете го нашиот линк за целиот рецепт.“