• Sat. Nov 23rd, 2024

Видео – Голманот на Арсенал , струмичанецот Дени Илиев запеа и македонско !!

ByВане Трајков

Sep 14, 2017

Македонскиот репрезентативен голман и член на лондонски Арсенал, струмичанецот Дени Илиев повторно запеа со Кире Гошев-Џипси во автомобил. Тие на ФБ објавија видео клип како ја пеат македонската ,,Кажи, кажи облаче ле бело,, во кој голманот Илиев сериозно му ,,парира,, со своите вокални способности на Џипси кој во Струмица беше дел од музичко трио

,,Кога пеам уживам и си ја враќам енергијата по напорните тренинзи. Едноставно песната ме исполнува а и народот вели, кој пее зло не мисли ,, ни изјави кусо Илиев кој заедно со Џипси пред повеќе од година време на ФБ  објавија клип како пеат песна од Шабан Шаулиќ

Дени по поголема пауза повторно се врати на фудбалските терени и стручниот штаб на Арсенал  сериозно смета на него бидејки го пријави во Лигата на Европа. Илиев потекнува од школата на Беласица и веке пет години е во топчиите

 

https://www.facebook.com/kire.gosev.50/videos/10203886366557671/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *