Струмичанецот Дејан Илиев кој ги брани боите на Арсенал, извесен период паузира од фудбалските терени заради повреда на десното колено. Тој во моментов е на рехабилитација и полесни тренинзи со цел што наскоро да се врати на мрежата на ,,топчиите,,. Но освен медицински, тој се рехабилитира и со песна. Возејки се по улиците на Лондон со својот автомобил Ауди А 5, Дени со својот близок другар Гире Гошев – Џипси, кој исто така е во Лондон Англија ја пеаа хитовската песна на Шабан Шаулич ,, Жал,, . Кире-Џипси ни изјави дека песната дошла спонатано а видеото го снимил со цел да ги покаже вокалните способности на Дејан кој е одличен голман и огромен потенцијал за мак фудбалот како младински репрезентативец.
Дени во Арсенал замина во летото во 2012 година и настапуваше за младите ,,топчии,, во Лигата на Шампиони до 21 година со Наполи, Борусија Дортмунд, Барселона, Олимпик Марсеј и беше сериозен кандидат за замена на Петр Чех но поради повреда тој паузира извесен период . Се очекува Дени на мрежата да се појави на почетокот на новата сезона бидејки Арсен Венгер гледа голем потенцијал во струмичанецот кој лани го продолжи договорот со Арсенал
https://www.facebook.com/kire.gosev.50/videos/10201674679426875/