Градоначалниците од Југоистокот бараат Владата да се изјасни што по референдумите против рудници во општините во овој дел од државата. Со оглед дека немаат надлжености врз издадените концесии за истражување и експлоатација инсистираат Владата на една од следните седници да се произнесе за резултатите од референдумите што се одржаа во Богданци и Гевгелија но и за референдумите во Дојран и Валандово каде постапките се во тек