Членовите на ВК ,,Актив’’ од Струмица на 23 и 24 јуни ќе го организираат настанот ,,Мистериите на Беласица’’ за што се повикуваат сите лубители на природата и планинскиот велосипедизам да бидат дел од ова дводневно уживање на планината Беласица. На настанот се очекува да земат учество околу 200 велосипедисти и планинари од земјава, бидејки освен рекреативното возење и планинарење до врвот ,,Тумба,, планирана е и рок забава ноќта на првиот ден на Шарена чешма. Според организаторите настанот има за цел да се потикне планинскиот велосипедизам по прекрасната Беласица но и дружењето меѓу сите вљубеници на природата. За и околу овој настан на кој сеуште може да се пријават кој сака, еве што вели за Канал ВИС – Кире Тасев од ВК,, Актив’’ од Струмица