Ќе се реновира односно реконструира Детската градинка ,,Калинка’’ во Валандово за што општината обезбеди 400 илјади евра од прекуграничен проект. Како што вели градоначалникот Перо Костадинов ќе се изврши замена на столаријата, кровната конструкција и се што е потребно ова градинка во Валандово да биде енергетско ефикасен објект. Паралелно градоначалникот Костадинов за ова година најавува градинка во Бојмискиот крај конкретно во селото Брајковци, проширување на капацитетите во Јосифово а се планира во својот мандат и градинка во Чалакли…..