Наместо по автопати, низ планинските патеки. Од Гевгелија и Дојран преку Беласица низ понефреквентните патишта се одвива нелегалната мигрантска рута во државата. Полицијата вели дека овој е еден од најкористените правци на движење на криумчарите, што се гледа и од големиот број фатени мигранти.
Локалното насление под Беласица, пак, вели дека не слегнуваат мигранти низ селата. Патеките се надвор од населените места.
Речиси секојдневно полицијата открива обиди за нелагално поминување на државата. Синоќа во Радовиш се фатени 17 мигранти од Пакистан и Кашмир.