• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео – Академија Пандев набави GPS уреди за следење на развојот и перформансите на фудбалерите

„ Академија Пандев“ денеска ги тестираше  ГПС уредите  со кои ќе ја следи работата и перформансите на своите фудбалери.  Академијата на Горан Пандев е единствениот клуб во Македонија кој ќе има ваква опрема со која индивидуално ќе се следи физичкиот развој на секој фудбалер, како на тренинзите, така и на натпреварите. Инаку слични уреди има и Фудбалската федерација на Македонија за што на тестот во Струмица присуствуваше и селекторот на репрезентацијата Игор Ангеловски

Опремата од Италија е вредна десетици илјади евра  со која тренерите во Академија Пандев ќе имат детална слика за работата на организмот на секој фудбалер, неговиот напор, енергија, истоштеност, сила и колку тој е подготвен за еден натпревар. Податоците преку сателит ќе влегуваат во базата на клубот чии стручни лица во секој момент ќе знаат за подготвеноста на фудбалерите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *