• Sat. Nov 23rd, 2024

Вечер почнуваат карневалските празнувања во Струмица

ByЃ. K.

Mar 13, 2024

Со предавањето на клучот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на карневалистите, вечер почнуваат осумдневните карневалски празнувања во Струмица, а веднаш потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“.

Празнувањето ќе кулминира в сабота кога се одржува Интернационалната карневалска вечер на која, како што објави Организацискиот одбор, ќе учествуваат 47 карневалски групи со околу 1.000 учесници од кои 20 групи се од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција, Турција и Бугарија.На Детскиот карневал в недела, на Прочка, ќе учествуваат 24 групи од основните училишта и градинките.

Датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.

Инаку, како што објави струмичкиот градоначалник за главната карневалска вечер се бара место повеќе за сместување, бидејќи сместувачките капацитети во Струмица и околните Радовиш и Дојран се исполнети.

By Ѓ. K.