Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека лекарски тимови вечерва ќе направат трансплантација на срце на пациент којшто подолго време чека донор. На фејзбук профилот, министерот ја сподели оваа вест посакувајќи успех и среќа на лекарите.
„Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пацинетот!“
Во земјава над дваесет пациенти чекаат донори на срце.