На 19.04.2019 година во 20.10 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „Форд Фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија.