Синоќа во во ресторанот Ројал Парк Струмица гостуваше професорот и писател Венко Андоновски.
Повод за книжевната посета беше неговиот најнов роман „Папокот на светлината“ за кој ја доби и Меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ во Москва, Русија.
Настанот го модерираше поранешната студентка на Андоновски, професорката Билјана Костадинова, а присутните имаа можност да се запознаат со авторот, да постават прашања и да поразговараат за неговите романи.