Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 17 април, Велипеток, петокот пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.
20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.