Почитувана госпоѓо Којиќ!
Гледам плачете, гледам, се чудите зошто ви го одзеле детето. Јас, помалку славна, поминав сличен пат.
Далечната 1988 година решив да го напуштам мажот. Живеевме во заедничка куќа. На почетокот ми даде до знаење дека за куќата ќе се бори до крај. Тогаш не знае што е тоа „крај“. Дознав во 2017 година. Дваесет и девет години се борев за да дојдам до делот од заедничката куќа што беше запишан на мое име.
За среќа, адвокатот сите овие години бесплатно ме застапуваше. Да морав да ги платам трошоците, никогаш немаше да дојдам до својот дел. Благодарам Синиша!
Куќата ја напуштив со торбата во рацете. Децата останаа со него бидејќи немавме каде. Немаше кој од соседите, преку непознати до бившите пријатели не ме прогласи за „курва“. Се осмелив да го земам животот во своите раце, да тргнам понатаму без него, сама да го изберам својот пат.
Изнајмив станче во поткровје. Со врски. Кога ќе слушнеа дека имам две деца, никој не сакаше да ми изнајми стан. Познати, непознати, поранешни пријатели беа згрозени што отидов со љубовникот и ги „оставив“ децата. Наместо да останам со злоставувачот и да чекам да ми ја искрши главата.
Со ријечкиот Центар за социјални работи имав ѓаволска среќа, бидејќи мојот „случај“ го доби маж. Никогаш нема да го заборавам. Тогаш, слушајќи ги прикасните на моите „колешки“ кои имале помалку среќа, научив дека жена на жена и е жена.
Човекот ми го спаси животот. Тогаш првпат во животот слушнав, кога тој ми рече, дека имам право на избор, дека сум добра мајка, дека децата еден ден ќе сфатат и дека нема потреба да чувствувам толку страшна вина.
Се чувствував виновна што им го „разорив“ животот на децата, што им го одзедов „таткото“. Сега веќе со години живеат опуштено без него, ниту го слушаат, ниту го гледаат, но тогаш чувствував вина затоа што го направив она што мажените, „пристојни“ жени и мајки не го прават: помеѓу пекол и нов живот одбрав не нов живот, туку живот.
Во тоа време, ќе повторам, беше 1988 година, мажот што го оставаш можеше да одбие развод. Мојот го направи тоа. Се бореше против разводот бидејќи ме „сакаше“. На судот бараше да се вратам „дома“, нему и на децата, иако во нашиот „дом“ со него веќе живееше друга жена. Судијката сепак не разведе.
По своите лични работи, инаку зедов само болека, дојдов едно утро кога воздухот беше „чист“. Неколку денови подоцна се осмелив да се вратам по еден метар кубен дрва. „Украдов“ дрва од сопствениот двор, што ги платив со сопствени пари, а синот ми чуваше стража.
Пеев во малиот камионет додека со пријателот се возевме со „украденото“ кон мојот подстанарски стан, среќна што не ме фати „на дело“ и ми ја скрши главата.
И денеска некои, заради бегството од куќата и „напуштањето“ на децата, кои со години не го виделе таткото, ме нарекуваат „курва“. Тоа не ме погодува. Знам каде живеам, знам дека сум добра мајка, дека имам прекрасни деца и преубаво внуче, добар маж, знам дека сум среќна. Среќна сум затоа што имав храброст да се борам и против „соседите“ и против „пријателите“ и против „системот“.
Никој во оваа земја не е на страната на жената. Како беше пред четириесет години, така и остана. Деенс е и полошо, бидејќи и Црквата се вклучува во лов на „курвите“.
Госпоѓо Којиќ, зошто солзи? Па токму тоа е она на што тој се пали. Зошто чудење на пресудата? Живееме во Хрватска. Не ја знаете моќта на парите? Не знаете колку огромна може да биде женската омраза кога женката ќе почувствува дека некоја друга женка би можела да ги отфрли оковите во кои таа е окована?
Госпоѓо Којиќ, како не разбирате? Сите се против вас. Порталите, соседите, таблоидите, судовите, системот, жените, жените, жените. На страната на противникот се и огромни пари вклучени во вашиот прогон.
Госпоѓо Којиќ, вие сте вештица којашто треба да се прегази, да се претвори во бара солзи. Треба да ве уништат, па засекогаш да ви го одземат правото да го гледате синот затоа што сте „луди“. Да сте нормални, во некој камен дворец ќе гледавте „Задруга“, ќе ги лакиравте ноктите и ќе си пеевте под мустаќ.
Госпоѓо Којиќ, кога ве гледам вака расплакана, се прашувам: Каде е Северина? Северина која лети во воздухот, Северина која пее пред илјадници луѓе, Северина која не плаче ниту кога цела женомразачка Хрватска ќе се крене против неа.
Северина! Одеби ги сите тие женомразачки женки кои с’скаат кон тебе! Одеби ги сите напалени мажјаци кои те мразат затоа што не можат да те зграбат. Одеби го и него кој деновиве „свршува“ затоа што победил. Не, немој да ги избришееш солзите и да ја развлечеш устата во насмевка заради мене. Јас сум спасена. Направи го заради десетици илјади Хрватски кои не се Северина, а поминуваат низ истото.
Одржи концерт во Загреб! Блескај и во Љубљана! Биди Северина, биди голема мајка на малиот Александар кој еден ден ќе се гордее со тебе ако ја добиеш битката. А ќе ја добиеш.
Ете, сестро, никогаш не сум те видела, не ги слушам твоите песни, не одам на твоите концерти, но сум на твоја страна. Ти си една од нас. Стисни ги убавите заби, одеби ги солзите и тргни во војна против змијуриите кои што се продале за шака долари.