Поетот и новинар Иван Василевски, несомнено е едно од најсилните македонски пера од поновата генерација. Неговите стихови се силни, набиени со емоции, полни метафори. Василевски остави богато творештво кое е сериозен влог во македонската литература, а ќе остане запаметен особено по поемите, како „Потомците на Чрт“, „Одмеѓување на светот“, „Поеми за тишината“, „“, „Петнаесетте“ и „Азбукословец.“ За „Азбукословецот“ во 2014 година ја доби и Прличевата награда на традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ што се доделува за најдобра поема.
Во продолжение кус избор од поемата „Петнаесетте“, стиховите ги кажува Катерина Панов Кожаров.