Општина Василево започна со поставување на главната водоводна мрежа во новата индустриската зона КО Градошорци, која се простира од десната страна на локалниот пат што од М-6 води кон селото Доброшинци во м.в Гладно поле.
Вкупната должина на овој цевковод изнесува околу 1000 метри. Средствата за негова изградба во висина од околу 800 000 денари се обезбедени од општинскиот буџет.
Како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев општина Василево започнува со инфраструктурно уредување на оваа индустриска зона за како што рече „подготовка на овие градежни парцели пред почетокот на новата градежна сезона, како би се створиле услови нивните сопственици да започнат со градба на планираните објектите“.
Во оваа индустриска зона чија вкупна површина изнесува околу 6,5 ха има три градежни парцели, кои се продадени и имаат свои сопственици. Согласно Урбанистичкиот план намената на овие парцели е стопански комплекс за производно, дистрибутивно-откупен центар и примарна и финална обработка на земјоделски производи.