Општина Василево почна да го гради пристапниот пат до индустриската зона Градашорци кој впрочем ќе биде и улично поврзување на жителите на ова населено место. Станува збор за индустриска зона од околу 12 хектари каде веќе се продадени 9 парцели а одделни бизнисмени подигаат капацитети. Со изградбата на овој пат ќе се овозможи интензивирање на градбата на капацитетите во ова индустриска зона, вели градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов
Општина Василево веќе работи и на останатата комунална инфраструктура, односно носење на водоводна и канализациона мрежа во ова индустриска зона, каде според урбаниситчкиот план се предвидени изградба на центри за откуп и преработка на зеленчук и овошје
Изградбата на овој улица чини околу 12 милиони денари. Средствата се обезбедени од АФПРЗ која одобри 10 и од Буџетот на општина Василево за што се одвоени 2 милиони денари