• Fri. Nov 22nd, 2024

Ване Тасевски само што дојде во Сасуоло, повикан за У-17 составот да игра за титула Првак на Италија

Младиот Ване Тасевски  кој потекнува од струмичко  Ново Коњарево кој пред неколку месеци потпиша договор за калчолигашот Сасуоло ќе има можност да го освои Шампионскиот трофеј на Италија за млади фудбалери до  17 години . Тасевски кој деновиве наполни 16 години е повикан од тренерот на една година повозрасните фудбалери на ,,Сасуоло,, Феличе Туфано за разврската за фудбалски првак на Италија до 17 години, бидејки Тасевски со својата игра досега покажа одлични партии во кадетскиот дрес на  ,, Сасуоло,, . Освен за кадетите Тасевски имаш и одлични настапи  за  македонската фудбалска репрезентација.

Во завршницата за Шампион на Италија во конкуренцијата У-17 освен Сасуоло  пласман обезбедија и младинските тимови  на Џенова,Торино, Интер, Аталанта, Палермо, Рома и Чезена. Ова е голема сатисфакција за Тасевски кој иако нема 17 години сепак му се укажува шанса да ги брани боите на Сасуоло во ова натпреварување и за неполна сезона да освои титула.

Ване Тасевски е млад и надежен фудбалер кој долги години живее во Пјаченца  каде настапуваше во тамошните локални клубови, но со својата игра тој стана интересен за повеќе калчолигаши од кои најбрз беше Сасуоло. Тасевски ова зима дебитираше и за македонската фудбалска репрезентација за која одигра повеќе натпревари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *