Валандовчани ќе добијат надомест за штети од елементарни непогоди
Со одобрените 36,8 милиони денари од државниот буџет, на 469 земјоделци од општина Валандово ќе им бидат надоместени штетите од град и слана.
Штетите ги предизвикаа врнежите град во јуни 2020 година, како и сланата која падна во април лани.
Според надлежната општинска служба, штети се пријавени од физички и правни лица за лозови и овошни насади, градинарски култури, пластеници и станбени единици на територијата на општина Валандово.
-Создавањето систем кој поддржува и заштитува, бара од сите нас заеднички да се носиме и справуваме со предизвиците кои ќе ни помогнат да продолжиме кон остварување нови цели, рече градоначалникот Перо Костадинов.