Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против 39-годишниот Д.П. oд Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во периодот од 12/13.04.2018 година до 17.04.2018 година во Валандово, Струмица, Гевгелија и Богданци, пријавениот поставил плакати со навредлива содржина, на кои биле наведени личните податоци на М.У. и нејзината сестра С.Ф.
Исто така пријавениот на социјалната мрежа „Фејсбук“, креирал повеќе лажни профили и електронски адреси на име на М.У.