• Wed. Nov 20th, 2024

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ефикасни и против новиот вид коронавирус

„Фајзер“ и „Модерна“ ги тестираат своите вакцини против новиот вид коронавирус, кој бргу се шири и се појави во Велика Британија, објави Си-ен-ен.

„Модерна“ очекува дека нејзината вакцина ќе ги заштити луѓето од новиот вид коронавирус и ќе изврши повеќе тестови со цел да го потврди тоа во наредните недели, се наведува во соопштението на компанијата проследено до Си-ен-ен, пренесе „Ројтерс“.

„Фајзер“ рече дека генерира податоци за тоа колку добро примероците од крв на луѓе имунизирани со нејзината вакцина може да го неутрализираат новиот вид од Велика Британија, се вели во извештајот.

Откривањето нова варијанта на коронавирусот предизвика нов бран паника, пред сè, затоа што се пренесува 40-70 проценти побргу.

Научниците изјавија дека нема докази оти вакцините од „Фајзер“ и „Бајонтек“ или други производители нема да ги заштитат луѓето од новиот вид коронавирус.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *