• Fri. Nov 22nd, 2024

Вакцинирани само лекарите и медицинскиот персонал од итната медицинска помош

Вакцинирани само струмичките лекари и медицински персонал од Итната медицинска помош, ама не сите само 70 отсто од нив. Во списокот на вакциниран медицински персонал се впишуваат и двајца специјализанти.
Директорката на Здравствениот дом во Струмица за Канал Вис вели, дека интерес од страна на лекарите и медицинскиот персонал има интерес за вакјцинирање против Ковид 19, направени се списоците , но чекаат термини.
Вели дека на ред биле од итната стоматолошка помош, но и останатите лекари во јавното здравство.Чекале официјален повик од страна на надлежните со цел навремена вакцинација на персоналот.
Вакцина против ковид -19 досега примиле 4.782 здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.
За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, пак, досега се пријавиле 80.201 граѓани, а 56.821 преку матичен лекар.
Инаку, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 604 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *