Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година од вкупниот износ 592.670.920 денари е зголемен за 5.882.222 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на вчерашната 30. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 598.552.512 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година се однесува на зголемување на приходите на Основниот буџет за 3.674.892 денари, пренес вишок на приходи од претходната година и зголемен приход за донации за 2.207.330 денари.
Овие средства во висина од 5.882.222 денари се пренесуваат на програми и ставки во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Со измените и дополнувањата, во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 27.650.000 денари или 4,62%, додека капиталните расходи со 32,39% или 79.830.242 денари, што е показател за задржување на развојната компонента на Општина Гевгелија преку извршувањето на општинскиот буџет за 2023 година.