Александар Љафтов го засили бугарски Хебар од Пазарџик кој се надева дека со струмичкиот интернационалец ќе бидат во најдобрите четри одбојкарски тима во Бугарија во новата првенствена сезона. Тој веќе десетина дена е со новиот тим и во моментов се на подготовки во Тетевен каде Љафтов тврди дека имале одлични услови за темпирање на формата .Раководството на Хебар смета дека со своите квалитети Љафтов може да биде носител на играта на бугарскиот прволигаш и еден од двигателите за висок пласман заедно со србинот Немања Стефановиќ
,, Одлично сум прифатен овде. Близината и силната бугарска лига беа доволна причина да дојдам овде. Лигата започнува во првата седмица во октомври и едвај очекувам да заиграм,, кусо ни одговори Љафтов
Александар Љафтов кој зад себе има огромно интернационално искуство и е член на македонската одбојкарска репрезентација, во бугарски Хебар потпиша договор за една година.