Зголемената активност на шумската полиција во акциите за спречување на дивото сечење на шумите во струмичко, ги даде очекуваните резултати. Бројот на кражби на огревно дрво годинава е драстично намален. Речиси веќе и ги нема дрвокрадците кои ги пустошеа шумите. Според директорот Михаилов, доказ за тоа е зголемената побарувачка на огревни дрва во шумското претпријатие Беласица од Струмица.
Причината за намалување на дрвокрадството,како што вели директорот Михаилов, се драконските казни. Според Законот за шумите, казните за кражба на дрва се движат од три до пет години затвор и кривична пријава за секој што ќе украде дрва за огрев.