Бројот на исклучени домаќинства поради ненавремено платени фактури за потрошена електрична енергија во 2018 изнесувал 73.727 прекини на снабдувањето. Бројот е намален за 5,37 отсто во однос на една година претходно, но тој и понатаму е огромен.
Вкупниот број на телефонски јавувања во Центарот за односи со корисници на ЕВН Македонија во 2018 година изнесува 539.288 што споредено со 2017 година (624.614 телефонски јавувања), има намалување од 13,66 отсто. Слична корелација се гледа и кај бројот на пристигнати поплаки по електронска пошта, каде што во 2018 година овој број изнесува 52.107, што споредено со 2017 година (55.570 поплаки по електронска пошта) претставува намалување од 6,23 проценти.
Во однос на приговорите за снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи во 2018 година, пристигнати се вкупно 34.040, од кои одобрени се 27.352 приговори, додека 6.822 се одбиени. Просечно време на одговор по приговор во 2018 година изнесува 48 дена.