• Fri. Nov 22nd, 2024

Бројот на заразени од коронавирус во Македонија надмина 10.000 случаи

Бројот на заразени со ковид-19, од почетокот на пандемијата во Македонија изнесува 10.086 лица.

Бројката на оздравени пациенти е 5.427, а на починати е 460. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 4.199, од кои најмногу – 1.935 се од Скопје.

Во Штип има 380 заразени пациенти, Тетово е со 283 и Куманово со 282 активни случаи. Во Струга во момнентов 206 лица се заразени со коронавирус, а во Гостивар активни се 223.

Над 100 заразени има во Дебар, Охрид и Свети Николе.

Досега во земјата се направени вкупно 95.169 тестирања на Ковид-19.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *