Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека има 19 нови случаи на коронавирус во државата до 10 часот.
„Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус беа тестирани 71 лице.
Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.
На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот“, објави Филипче.