• Fri. Nov 22nd, 2024

Бројките на новозаразени и починати растат

Бројките на новозаразени и починати растат

Од Министерството за здравство информираат дека на инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со ковид-19 и има 183 слободни кревети. Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември” и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ.

На последната седница на главниот координативен кризен штаб беше усвоена препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР-тест од десет на седум дена. Оваа препорака е донесена поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот. Кризниот штаб ја достави препораката до Владата и за неа треба да се дискутира на следната владина седница.

Од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во Северна Македонија, вкупно се вакцинирани 864.759 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *