Фудбалскиот натпревар помеѓу АП Брера и Македонија ЃП во ПМФЛ ќе се игра на на стадионот во Турново идниот викенд и ќе има слободен влез за сите навивачи, информираат од струмичкиот клуб.
„Стадионот ќе биде во ново руво сo оглед дека се прават одредени инвестициони зафати. Трибините се целосно адаптирани и уредени со цел прием и подобар комфор на посетителите за следење на натпреварот на Брера против Македонија ЃП во Турново. На источната ќе има и освежување. Адаптиран е паркинг простор за влез на стадионот на кој може да се пристапи од двете страни за следење на мечот“, информираат од Брера.