Тимот на Брера Струмица ќе одржи основна фаза на зимските подготовки во Турција, каде што ќе одигра четири пријателски натпревари за тестирање на квалитетот на својот состав.
Под „палката“ на новиот тренер, Бојан Круљ, стартот на тренинзите во Анталија е предвиден за 24 јануари. Првиот контролен меч ќе се одигра на 26 јануари против Верес од Украина, а потоа следуваат српски суперлигаш Черноморец Одеса, Рух од Полска и казахстанската екипа Атирај.
Тимот на Брера заврши на осмото место на табелата по завршувањето на есенскиот дел од првенството со вкупно 20 поени, однесувајќи пет победи, пет нерешени резултати и осум порази во првите 18 кола.