• Sat. Nov 23rd, 2024

Бразиелецот Мартин Кауан стана дел од тимот на Брера Струмица

ByЃ. K.

Jan 22, 2024

Мартинс Де Паула Кауан, фудбалер од Бразил кој наскоро ќе го гледаме во акција во македонскиот прволигаш Брера Струмица, го потврди своето приклучување кај новиот клуб за преостанатиот дел од сезоната.

На 23 години, овој дефанзивец има искуство од настапи во естонскиот тим Транс Нарва, каде што се истакна со неколку впечатливи изведби минатата година. Пред тоа, Де Паула Кауан беше дел од неколку бразилски клубови, вклучувајќи го и тимот на младинската екипа на Коринтианс.

Според информациите од Струмица, Де Паула Кауан е познат по одличната употреба на левата нога, а неговите квалитети вклучуваат агресивност, добар преглед во одбранбената линија и стабилност во играта. Исто така, се истакнува по добрите скокови, а се очекува дека ќе има значаен придонес во одбраната на новиот тим.

By Ѓ. K.