Во изминативе години успеавме да завршиме или во фаза на изградба се вкупно 853 социјални станови во четиринаесет општини низ државата. Дел од нив ги распределивме, а дел се во завршна фаза и во наредниот период ќе распишеме јавни огласи за распределба, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при увид во изградба на социјалната зграда во Велес.
Станбената зграда има 29 станови, инвестицијата е 41, 5 милиони денари. Се очекува да биде завршена до октомври годинава.
“Наша обврска е да создаваме услови ранливите семејства да добијат сигурност и подобри услови за живот. И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства. Зградата во Велес се работи со добра динамика и веднаш по нејзиното завршување ќе распишеме јавен повик за распределба на становите.” – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.