И Босилово ќе оди на референдум за работата на рудникот Иловица. Советниците едногласно изгласаа за ова прашање да има референдумско изјаснување на трети септември. Градоначалникот Колев рече дека се’ уште остануваат многу дилеми околу законитоста на целата постапка, па затоа повторно ќе се консултираат пред да ја потпише одлуката.
На седницата присуствуваа и активисти на иницијативата „Спас за Струмица“. Тие им ги образложија на советниците своите забелешки и сомнежи околу отворањето на рудникот Иловица, нарекувајќи го отворањето ан рудниците екоцид на југоистокот.
Овие денови се очекува седница за прашањето за референдум да закаже и општина Ново Село за поднесената иницијатива со сто потписи на граѓанското здружение „Здрава котлина“.