• Sat. Nov 23rd, 2024

Босилово и Ново Село ги собраа потребните потписи за покренување инциијатива

Здружението „Здрава котлина“ ги собра потребните потписи за официјализирање на иницијативите за референдуми во Босилово и Ново Село. За нецели три дена, се собрани за секоја иницијатива по сто потписи во подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Струмица, кои потоа ќе им бидат поднесени на општинските совети. Барањето на граѓанските иницијативи е советите да распишат референдум за работата на рудникот Иловица, во спротивно тие ќе почнат со собирање потписи кои изнесуваат 20% од гласачкото тело во секоја општина, за да го остварат своето право. Според Милена Зафирова, граѓанската свест за овој рудник мора да се крене на повисоко ниво, бидејќи рудникот ќе го промени животот на луѓето од струмичката котлина.

Овие ќе бидат петти, односно шести референдуми во југоистокот за рудниците. Во април Гевгеличани гласаа против отворање на рудници во нивната општина, а „не“ на Казандол во јуни му кажаа богданчани. За рудникот Казандол референдум ќе има и во Дојран на 23 јули, и во Валандово на 20 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *