До пристигнувањето на најавените амбулантното возило за струмичката болница, ова јавна здравствена установа доби половно санитетско возило. Во координација со министерството за здравство, Дирекцијата за заштита и спасување отстапи возило за транспрот на ковид пациентите од медицинскиот центар Струмица до скопските клиники откако изминатиов викенд , поради немање возила директорот на болницата Наќе Гогов на ФБ апелираше за донации па се предомисли.
Струмица изминатиов месец стана ново жариште на заболени од коронавирус и се зголеми потребата од дополнителни возила за транспорт на пациенти до Скопје. Се користеа возила од брзата помош. Сега на располагање ова болница ќе има три возила