За почиста Општина да го вклучиме и семејството во акцијата што ја организираме заедно со Вас граѓаните, на ден 17 и 18 август (сабота и недела), за чистење во и пред дворовите, вклучувајќи ги и тротоарите.
Собраниот смет ставете го во ќеси или картонски кутии и оставете го до Вашите канти или контејнери. ЈП „Комунална чистота“ ќе го собира сметот следниот ден.