Работнички од Скопје испиша историја во мак-кошарката и стана првиот тим со десет титули од националниот Куп! Во големото КУП финале славеше против Блокотехна од Гевгелија 85:71
Блокотехна повторно се покажа како „тврд орев“ за шампионот и докажа дека победата во првенството пред неколку месеци не беше случајна. Македонскиот претставник во БИБЛ лигата уште од самиот старт тргна многу мотивирано, но често грешеше во офанзивата, а Работнички соодветно казни
Во третиот период период Блокотехна постигна само 10 поени, наспроти 20-те на скопскиот тим, а ништо не се промени ниту на стартот на последните десет минути. Домашниот тим како прерано да се предаде и во финалните моменти остана без сили за пресврт, па Куп-трофејот заслужено заврши во рацете на кошаркарите на Работнички.
Најпрецизен на мечот беше Костов со 25 поени, а кај Работнички се истакнаа и Краџовски (16) и Чековски (10). Во таборот на Блокотехна прв стрелец беше Фундербург со 24 поени, Думиќ постигна 13, а Пен 12 поени.