• Fri. Nov 22nd, 2024

Благој Истатов вечно ќе живее во нашите срца – струмичани се простија од големото голманско име

ByВане Трајков

Sep 28, 2018

Беше опасен како голман но емотивец како човек со големо срце. Со овие зборови и силен спротски аплауз пристуните струмичани на комеморативната седница се простија со Благој Истатов големото голманско име

На денешната комеморативна седница за живото и голманските успеси на Истатов зборуваа повеќе спротски работници кои тврдат дека Истатов оставил голема трага во развојот на струмичкиот и македонскиот фудбал

,,Тој беше извонреден спортист и спортски ас. Нашите срца се хранат кога ќе кажеме дека некој од Македонија бил спортски ас на светската спортска сцена,, рече претседателот на МОК Васил Тупурковски

,,Кого и да прашате во Македонија, Гостивар, Крива Паланка или во Дебар, за Истатов, ќе ви одговори кој е тој, бидејќи цел живот беше активен во спортот. Тој беше фудбалска, тренерска и угостителска звезда,, кажа Ѓоко Хациевски поранешен селектор

Благој Истатов е роден во 1947 година. Својата фудбалска кариера ја започнува во 1963 година во Беласица, а во 1965 со младицните го освои Купот на Југославија. По Беласица заминува во прилепска Победа, каде одигра 210 натпревари. Во 1973 заигра за белградски Партизан, каде настапуваше три сезони, а потоа две години бранеше и за холандски Утрехт.

Истатов во 2015 година од страна на ФФМ доби награда за животно дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *