Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, денеска од Ерусалим преку Софија ќе пристигне и до православите верници во Македонија.
Ова е прв пат Македонската православна црква (ОА) за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган, со помош на Бугарската православна црква.
Со благослов на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, митрополитот брегаланички Иларион вечер на софискиот аеродром ќе го преземе Благодатниот оган од бугарскиот митрополит Антониј кој ќе го донесе од Ерусалим.
Потоа, брегалничкиот владика Иларион со хеликоптер ќе го донесе Благодатниот оган во Скопје од каде ќе биде разнесен до сите православни светлишта низ Македонија.
Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Тој се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти по палењето не предизвикува изгореници.
извор: makfax.com.mk