• Sun. Nov 24th, 2024

Билатерални средби на Тупанчески во рамките на Регионалната конференција во Шибеник, Р Хрватска

Министерот за правда, Никола Тупанчески  оствари повеќе билатерални средби во рамките на Регионалната конференција  ,,Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки” која се одржува во Шибеник, Република Хрватска.Тупанчески се сретна со со Валтер Кемп, Директор на Канцеларијата на Глобална иницијатива во Виена, задолжен за Западен Балкан и амбасадорот Угљеша Звекиќ, задолжен за развивање на проекти од обаста на антикорупцијата.

Беше заклучено да се развие натамошниот дијалог меѓу владите на земјите од ЈИЕ и граѓанското општество, потенцирајќи ја притоа важноста од градење на културен дијалог кој е нераскинлив дел од културата на идентитет.Тупанчески се сретна и со министерот за правда на БиХ,Јосип Грубеша.

Двајцата министри ја нагласија досегашната соработка како значајна основа за проширување и подобрување на рамката на истата меѓу двете земји преку активности на размена на искуства и најдобри пракси во повеќе области од надлежност на министерствата, а особено во делот на подготовката на националните стратешки документи и обезбедувањето имплементација на активностите предвидени со реформските процеси со правосудствата на РСМ и БиХ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *