Струмица и Југоистокот, Валенсија- Шпанија и Баварија- Германија ќе биде новиот регионален бизнис триаголник во кој треба да се развива локалната економија. Кон средината на април, треба да бидат потпишани договорите за соработка, кои ќе ја надминат досега познатата рамка на прекугранична соработка, и ќе овозможат освојување нови пазари и соработка со тамошните компании. За првпат, компаниите и фирмите и реалниот сектор ќе бидат амбасадори на македонската економија и промотори на бизнис климата.
Според, Ксенија Вангелова консултант на ЕУ проект која неодамна се врати од бизнис форум во Истанбул, постои заинтересираност за инвестирање во Југоистокот, пред се поради одличните ресурси со кои располага државата. Тоа, е одлучувачки предуслов кој го носи странскиот капитал тука, вели Вангелова.
Поврзувањето на регионите ќе оди преку три домашни компании кои во моментов се подготвуваат за идната соработка со Шпанија и со Германија.