Славниот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал станаа родители на девојче и момче. Веста за USA Today ја потврди нивниот портпарол Стен Росенфилд.
Бидна и тоа, Џорџ Клуни стана татко. Низ последните години тој постојано велеше дека никогаш повеќе нема да се ожени, ниту да има деца. Сето тоа се промени во 2013 година кога ја сретна Амал Аламудин, адвокатка за човекови права и следната година ја побара за жена. Се венчаа во Венеција во септември, 2014 година во присуство на блиски пријатели како Мет Дејмон, Емили Блант, Боно, Елен Баркин и други.
Засега, среќното семејство изгледа дека ќе живее во Англија.