• Sat. Nov 23rd, 2024

Бетонирани неколку улици и краци во излетничкото место Смрдлива Вода

ByЃ. K.

Aug 21, 2023

Преку акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура за 2023 година, бетонирани се неколку улици и краци во излетничкото место Смрдлива Вода. Зафатот за реконструкција на улиците е по настојувањето на локалната самоуправа да ги исполни барањата на жителите од општина Гевгелија – да се подобри пристапноста до викендиците во излетничкото место. Со оглед на тоа што, поради тешката пристапност на механизацијата, улиците и краците не беа уредени долги години назад.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, најави дека и во наредниот период, согласно Програмата за подобрување на патната инфраструктура во општина Гевгелија, ќе бидат уредени и други улици и краци во истото излетничко место имајќи предвид дека Смрдлива Вода е туристичко место. Воопшто, заложбата на Општина Гевгелија, согласно надлежностите, е решавање на проблемите во патната инфраструктура во сите населени места.

By Ѓ. K.